24фудбал

Понудата на Интер до Перишиќ ја отвори излезната врата од клубот за Хрватот

Се' поизвесно е дека искусниот Хрват најдоцна до наредното лето ќе си замине од Интер, особено по понудата која ја доби од клубот од Милано за продолжување на соработката.

Италија

Според информациите кои пристигнуваат од Италија се вели дека 32 годишниот Иван Перишиќ ќе треба да прифати значително пониска плата доколку посакува да остане во Милано, односно да го продолжи договорот со „Нероаѕурите“.

Перишиќ одигра значајна улога во освојувањето на Скудетото под кормилото на Антонио Конте, а има регуларно место во тимот и под кормилото на Симоне Инзаги во новата сезона, меѓутоа идното лето му истекува неговиот договор со клубот.

Како што известува „Газета дело Спорт“, на Хрватот му е понуден нов договор со годишна плата од 3 милиони евра, која е за два милиони евра помала од актуелната, па се верува дека тој е на излезна врата од Милано идното лето.