24фудбал

Бешикташ го демантираше Вардар дека е постигнат договор за соработка

Скопски Вардар објави за соработка со Бешикташ, а во објавата на социјалните мрежи на фотографиите се најде првиот човек на клубот Слободан Крстевски.

Македонија

Пред извесен период Вардар објави дека е постигнат договор за долгогодишна соработка со турскиот гигант Бешикташ, а сето тоа по посетата на првиот човек на скаутинг службата на турскиот гигант Бајрам Билим.

Сепак, клубот од Истанбул демантира, тврди дека не е постигнат никаков договор за соработка со „Црвено-црните“.

Веста која е објавена во медиумите, а се однесува на соработка која била потпишана помеѓу нашиот клуб и македонскиот клуб Вардар не ја рефлектира вистината, ние љубезно ги замолуваме нашите навивачи да не оддаваат внимание на такви вести, а со целосна почит ја објавуваме оваа информација за јавностастои во соопштението од страна на Бешикташ.