24фудбал

Тричковски ја продолжи соработката со АЕК Ларнака

Македонецот се договори за продолжување на соработката со кипарскиот клуб откако претходниот договор му истекуваше идното лето.

Македонија

34 годишниот Иван Тричковски ќе продолжи во дресот на АЕК Ларнака и по крајот на актуелната сезона, откако од кипарскиот клуб објавија дека постигнат е договор за продолжување на соработката со Македонецот.

Популарниот „Тричко“ е дел од АЕК Ларнака од 2016 година, а за овој клуб досега успеа да постигне 89 погодоци на 145 натпревари. Од АЕК Ларнака повеќе детали најавија во текот на утрешниот ден.

АЕК Ларнака со задоволство може да извести дека е постигнат договор за продолжување на соработката со капитенот Иван Тричковски, повеќе детали во текот на утрешниот ден, откако ќе бидат потпишани документите“ стои во соопштението на Кипраните.