24фудбал

Новите газди на Њукасл ќе го купат Интер за милијарда евра?

Според дел од италијанските медиуми, преговорите меѓу инвеститорите од Саудиска Арабија и сегашните сопственици на Интер, се во напредна фаза, клубот наскоро може да биде продаден.

Италија

Весникот „Либеро“, тврди дека преговорите се во напредна фаза, а понудата која е доставена е околу милијарда евра.

Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија силно се пробива во спортот, го купи Њукасл за 350 милиони евра, но има инвестиции и во други спортови, пример во Формула 1.

Финансиската ситуација на Интер не е розова, поради тоа клубот се откажа од Конте, а беа продадени и Лукаку и Хакими.

Но има и такви кои негираат дека Интер ќе биде продаден.

Новинарот на „Ла Република“, Франко Вани се повикува на извори од Интер и тврди дека ова се само обични шпекулации.

Како и да е, времето ќе покаже дали богатите Саудијци ќе го купат и Интер.