24фудбал

Барселона е подготвена да го продаде Бускетс за да направи место за Кеси?

Според „Ел Национал“, Барселона е подготвена да го жртвува својот капитен, Серхио Бускетс за да го ангажира Франк Кеси.

Шпанија

Милан не успева да се договори со Кеси за нов договор, па извесно е дека по крајот на сезоната тој ќе замине како слободен играч.

Барселона е во тешка ситуација, во која има потреба од тешки одлуки кои Лапорта е подготвен да ги носи.

„Ел Национал“ тврди дека Барселона е подготвена да го продаде Бускетс по крајот на сезоната и да го донесе Кеси бесплатно.

Вредноста на Кеси се проценува на 55 милиони евра, а Барселона ќе има шанса да го донесе беспари, па Лапорта не сака да ја пропушти таквата прилика.

Кеси е речиси десет години помлад од Бускетс, а тоа е и главната причина за ваквите размислувања на Лапорта.