24фудбал

Милан денеска потпишува со нов голман, Мањан мора на операција

Милан носи замена за Мајк Мањан кој мора да прави операција на зглобот на раката, Антонио Миранте ќе стави потпис на договор со росонерите.

Италија

Милан најде краткорочна замена за Мањан, се уште не е јасно колку долго ќе паузира тој, но росонерите денеска ќе потпишат со нов голман.

Станува збор за искусниот Антонио Миранте. 38-годишниот голман е слободен играч откако договорот со Рома му истече, и како таков Милан може да го потпише надвор од преодниот рок.

Миранте беше во преговори со Специја, но во меѓувреме до него дојде понудата од Милан која ја прифати и денеска треба да биде промовиран во ново засилување.

Тој и Татарушану ќе бидат голманскиот двоец на Пиоли за наредните натпревари на Милан.