24фудбал

Албанија загуби од Полска во меч со инцидент по кој гостите во еден момент се повлекоа (ВИДЕО)

Албанија со 1-0 го загуби клучниот меч за втората позиција против директниот конкурент Полска, натпреварот го одбележа голем инцидент.

СП 2022

На Албанците им одговараше и реми за да ја задржат втората позиција, но не успеаа да го сочуваат почетниот резултлат.

Полска постигна гол преку Свидерски во 77. минута а веднаш потоа се случи инцидент. Албанските навивачи почнаа да фрлаат со тврди предмети по фудбалерите на Полска, некои од нив биле погодени, по што одлучија да го напуштат теренот бидејќи не се чувствувале безбедни.

По кратка пауза мечот продолжи, Полска го сочува водството до крајојт и се радуваше на победа по која се искачија на втората позиција на табелата на две кола до крајот.

Албанија во следното коло гостува кај Англија која уште не го заверила првото место, денескса одиграа само 1-1 со Унгарија.