24фудбал

Во преговорите помеѓу Интер и Барела постои разлика од речиси два милиони евра

Младиот фудбалер во целост ги оправда очекувањата, а клубот од Милано посакува уште сега да ги реши сите дилеми околу неговата иднина, особено откако се појави ПСЖ во „чекалната“ за неговиот потпис.

Италија

Интер и Николо Барела се далеку од постигнување на договор за продолжување на соработката, а ПСЖ и Атлетико Мадрид ја мониторираат ситуацијата со 24 годишниот Италијанец чиј актуелен договор истекува во 2024 година.

„Нероаѕурите“ се надеваат дека во периодот кој претстои ќе се договорат со Барела за продолжување на соработката на подолг рок, а со тоа да се реши прашањето со репрезентативецот на „Аѕурите“ кој игра во одлична форма изминатиов период.

Се верува дека првичната фаза во преговорите помеѓу обете страни не течат во позитивна насока, со тоа што се развила голема разлика помеѓу обете страни, односно помеѓу понудата на клубот, како и барањата на фудбалерот.

„Кориере дело Спорт“ извести дека агентот на фудбалерот, Алесандро Белтрами побарал повеќе од 6 милиони евра плата по сезона за својот клиент, меѓутоа Интер засега нуди помеѓу 4 и 4.5 милиони евра.