24фудбал

Мурињо со помош на дрон се подготвува за Јувентус (ВИДЕО)

Во недела „Римската волчица“ гостува во Торино, а португалскиот фудбалски стратег внимава на секој детал од подготовките за големото дерби.

Италија

Жозе Мурињо со помош на дрон се подготвува за претстојното гостување кај Јувентус во недела, во рамките на осмото коло од Серија А.

Португалскиот фудбалски стратег со дронот ги анализира до детал случувањата на тренинзите, а со тоа и формациите за време на тренинг сесиите на неговите избраници.

Ова е фудбал, тренинг, работа, а не забава“ напиша Португалецот на социјалните мрежи.