24фудбал

Симеоне преку Суарез се распрашувал за Меси

Аргентинскиот фудбалски стратег преку Суарез се распрашувал за неговиот добар пријател од Барселона, меѓутоа не успеа да ја оствари својата намера одново да го спои напаѓачкиот двоец.

Шпанија

Кога стана јасно дека Лионел Меси нема да продолжи во Барселона, како што е познато таквото сценарио го зачуди дури и Пеп Гвардиола и Манчестер Сити, кои веќе го ангажираа Џек Грилиш, меѓутоа ПСЖ ја чекаше, а воедно и ја дочека својата шанса да го ангажира Аргентинецот.

Меѓутоа, не беа само претходно споменатите два клуба кои се обиделе да дојдат до потписот на Меси, откако предводникот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне откри дека „Јорганџиите“ исто така направиле обид, меѓутоа преку Суарез.

Ќе морам нешто да кажам на оваа тема, за моментите со случувањата во Барселона, ние го повикавме Луис Суарез со целосна почит кон него“ рече Симеоне за магазинот „Оле“.

Не му се јавив на Меси, меѓутоа тоа го сторив со Суарез, а токму него го прашав околу Меси, за тоа како се чувствува, односно дали постои било каква шанса за тој да дојде во Атлетико Мадрид“ додаде аргентинскиот фудбалски стратег.

Тоа траеше цели три часа, ПСЖ беа толку убедени во намерата да го ангажираат Меси“ заклучи предводникот на „Јорганџиите“.