24фудбал

Голем пех за Манчестер јунајтед, Варан ќе отсуствува неколку седмици

Во следниов период следат натпревари од исклучително значење за составот на Оле Гунар Солшер во Премиерлигата, а клубот од „Олд Трафорд“ извести за доста лоша вест.

Англија

Рафаел Варан ќе отсуствува неколку седмици откако клубот од „Олд Трафорд“ потврди дека повредата на стоперот за време на интернационалната пауза не е воопшто наивна, а со тоа Французинот ќе биде вон комбинација за клучните натпревари оваа сезона во Премиерлигата за својот нов клуб.

Стоперот се повреди за време на мечот на Франција против Шпанија во финалето од Лигата на нации, а во денешното соопштение по „скенирањето“ на повредата, Манчестер јунајтед потврди дека фудбалерот ќе отсуствува неколку седмици.

Ова е дефинитивно голем проблем за Манчестер јунајтед, ако се земе во предвид дека Хари Мегваер се уште е во фаза на рехабилитација, а во следниов период „Црвените ѓаволи“ во Премиерлигата ќе ги одмерат силите со Лестер, Ливерпул, Тотнем, како и Манчестер Сити, а по Ватфорд ќе следи и Челси.