24фудбал

Донарума на свирежите од навивачите на Милан одговори со тетоважа за тој клуб (ФОТО)

Италијанецот одново тврди дека Милан му е во срцето, иако начинот на кој си замина навивачите на тој клуб го сметаат за предавнички чин.

Италија

Голманот на италијанската репрезентација и ПСЖ, Џанлуиџи Донарума доживеа непријатни сцени на враќањето во Милано, каде претходно играше во Милан, а од каде без никакво обештетување си замина во францускиот вицепрвак, потег што ги револтираше фановите на „Росонерите“.

Освен транспарентите со навредлива содржина низ Милано, Донарума доби и свирежи за време на натпреварот со Шпанија од страна на навивачите на Милан, а гостувајќи на италијанското тв шоу „Ле Лене“ доби тетоважа како шега за „примирје“ со навивачите на Милан.

Секогаш ќе имам црвено-црно срце, 8 години не можат лесно да се заборават, жалам за реакциите на навивачите на Милан“ рече Италијанецот.