24фудбал

Шкупи ќе ги одмери силите со актуелниот првак на Турција

Избраниците на Гоце Седлоски кои се лидери на табелата во нашиот најсилен фудбалски шампионат се подготвуваат и за гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш.

Македонија

Македонскиот прволигаш Шкупи преку социјалните мрежи потврди дека на 11 ноември е предвидено да одигра контролен натпревар со турскиот гигант Бешикташ во Истанбул.

Со ова Чаирчани ќе ја искористат интернационалната пауза, односно период кога на програмата ќе бидат натпреварите на репрезентациите, односно Македонија е предвидено да ги одмери силите со Ерменија на гости, односно дома со Исланд во завршницата од мундијалските квалификации.

Бешикташ е актуелен првак на Турција откако ланската сезона со идентичен број бодови (84) со Галатасарај го освои првото место во тамошната „Суперлига“, а сето тоа благодарение на еден гол предност во однос на својот ривал (45).


Фото-вест: FC Shkupi (архива, Facebook)