24фудбал

Сефте на младите во квалификациите за ЕП, Ѓорѓиевски и Максимов стрелаа за победа над Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација со 2-1 славеше на гостувањето кај Ерменија во Ереван, тоа беше прв триумф на нашите млади фудбалери во квалификациите за ЕП 2023.

Македонија

Резултатот го отвори Марко Ѓорѓиевски кој во 25. минута постигна гол со глава за водство на Македонија од 1-0.

Во 84. минута Максимов по асистенција од Станковски се најде во одлична позиција и не пропушти да го совлада голманото на Ерменија за сигурно водство од 2-0.

Сепак домаќините до крајт успеаа да постигнат почесен гол, во 90. минута Григорјан искористи голем кикс на нашата одбрана и ги постави конечните 1-2.

Ова беше четврти натпревар за Македонија во овие квалификации и прва победа за нашата репрезентација, имаме вкупно пет бода.