24фудбал

Две одлучувачки недели за Мурињо и Рома

Рома има пеколна втора половина од октомври по која ќе се има појасна слика до каде можат оваа сезона.

Италија

Мурињо има одличен старт во Рома, но волчицата допрва треба да ги игра големите дерби натпревари, а дел од нив доаѓаат наеднаш.

Во недела, во првото коло по репрезентативната пауза, Рома му гостува на Јувентус. Потоа имаат меч од Конференциската лига, гостување кај Бодо/Глимт, таму Португалецот може да одмори некои од своите играчи.

На 24. октомври, ново дерби, Рома ја пречекува екипата на Наполи, а седум дена подоцна на Олимпико пристигнува Милан. Измеѓу овие две средби тимот на Мурињо гостува кај Каљари.

Тоа значи дека од 17. до 31. октомври, Рома ќе игра со Јувентус, Наполи и Милан. Во зависност од резултатите на овие три меча ќе се има подобар увид дали овој тим на Мурињо може да се бори за место во Лигата на шампионите.