24фудбал

Мусиала во Скопје урна рекорд стар повеќе од 100 години!

Младиот германски фудбалер, Џамал Мусиала стана вториот најмлад стрелец во исторјата на германската репрезентација, голот во Скопје вечно ќе го памети.

Германија

Мусиала синоќа го постигна голот за 4-0, со кој ја запечати победата на Германија над Македонија.

Тој со 18 години и 227 дена стана вториот најмлад стрелец во германската репрезентација, но прв во последните 111 години. 

Најмлад стрелец за Германија е Мариус Хилер кој на 3 април 1910 година дал гол против Швајцарија со 17 години и 241 ден.

Мусиала во Скопје стана најмладиот стрелец на Германија во последните 100 годни.