24фудбал

ФФМ ќе добие казна, зелен ласер светеше во лицето на Кимих (ФОТО)

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) би требало да добие казна од ФИФА поради неодговорно однесување на гледач на Националната арена „Тодор Проески“ за време на мечот против Германија.

Македонија

Излегоа фотографии од зелен ласер во лицето на германскиот фудбалер Џошуа Кимих. Инцидентот се случи во текот на првото полувреме кога фудбалерот на Баерн Минхен се обидуваше да извде корнер.

ФИФА обично не пропушта да ги санкционира ваквите испади на навивачите, па наскоро се очекува ФФМ да добие парична казна за овој инцидент.