24фудбал

Вајналдум не е среќен во ПСЖ: Ситуацијата не е таква каква што сакам

Џеорџино Вајналдум дојде како големо засилување во ПСЖ, но холандскиот фудбалер не е задоволен од стартот на сезоната, тешо му е.

Франција

Ванјалдум беше една од ѕвездите кои во ПСЖ пристигнаа како слободни играчи ова лето. Тој беше еден од клучните играчи во Ливерпул, но се мачи во францускиот состав.

„Не можам да кажам дека сум комплетно среќен“, им се отвори Вајналдум на холандските медиуми за време на репрезентативната пауза.

„Ситуацијата не е таква каква што сакав. Играв многу во изминатите години, секогаш бев фит и бев многу добар. Ова е нешто поинакво за мене и треба да го прифатам. Глелдав оптимистички кон новиот предизвик и сега ова се случува. Тешко е“.

„Тоа е фудбалот, ќе научам да се справам со тоа. Борец сум. Треба да останам позитивен и да работам напорно за да ги свртам работите“.

Вајналдум досега има 11 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања. Нема запишано ниту гол, ниту асистенција. Стартуваше само на еден од последнте пет натпревари во Ла Лига. Покетино во моментов ги преферира Марко Верати и Идриса Геј на централните позиции во средниот ред.