24фудбал

Де Брујне: Ние сме само Белгија, не можеме да се носиме со најголемите

Изминуваат годините на „златната генерација“ на Белгија, но трофеј нема, на завршниот турнир од Лигата на нации си заминаа со два порази и последното, четврто место.

Останато

Белгија имаше и се уште има импресивна гененрација според составот, тие веќе долго време се и први на листата на ФИФА, но никако да освојат нешто.

Не успеаја да дојдат ниту до бронза во Лигата на нации, па многумина сметаат дека на нив им недостасува победнички менталитет на една нација.

Таквата инфериорност кон големите репрезентации ја признава и можеби најдобриот фудбалер во Белгија, Кевин Де Брујне.

„Со секоја почит, но ние сме само Белгија. Имавме и нови играчи и кои видоа како е да се игра против репрезентации од ваков калибар, за жал загубивме двапати. Со секоја почит за сите, но играње против Естонија не е исто што и играње против најголемите селекции, неопходно е зреење, и индивидуално и како тим“, вели Де Брујне.

„За мечот со Италија ни недостасуваа Лукаку и Азар, па треба да бидеме реални за тимот кој го имавме. Италија, Франција и Шпанија имаат по 22 фудбалери од кои можат да состават силен тим, ние немаме“.

Се чини дека последна шанса за златната генерација на Белгија ќе биде Светското првенство во Катар.