24фудбал

Македонија падна на третото место, мали ни се шансите за бараж за СП

Поразот од Германија значително ни ги намали шансите за второто место на табелата, потребно е Романија да направи голем кикс во последните два меча, а ние да дојдеме до две победи.

Македонија

Денешните резултати не беа во прилог на Македонија, ние загубивме убедливо со 4-0 од Германија, а Романија ја победи Ерменија со 1-0.

Германија со овој триумф го завери пласманот на СП, а на второто место се качи Романија која има 13 бодови, ние и Ерменија останавме со по 12.

До крајот има уште две кола, но Романија има многу лесен распоред, во следното коло го пречекува Исланд, а потоа гостува кај Лихтенштајн, па мали се шансите да киксне.

Македонија прво гостува кај Ерменија, а потоа игра дома со Исланд. Ерменците играат со нас и Германија.