24фудбал

Официјални состави: Милевски со неколку промени во тимот за мечот со Германија

Селекторот Благоја Милевски направи неколку измени во стартниот состав за вечерашниот натпревар против Германија.

Македонија

Во составот очекувано се враќа Муслиу кој беше суспендиран за мечот со Лихтенштајн, од суспензија се врати и Костадинов, и тој е во почетниот тим. Николов е стартер, а во нападот е Едис Јаховиќ, Милан Ристовси не е во комбинација поради суспензија.

На голот ќе биде Димитриевски, бекови се Ристовски и Алиоски, централни дефанзивци Муслиу и Велковски. Во средниот ред Адеми, Николов и Костадинов, најистурен е Јаховиќ, а странично ќе напаѓаат Чурлинов и Елмас.

Во составот на Германија голман е Нојер, во одбраната се Раум, Керер, Шиле и Колстермран. Во средниот ред Кимих и Горецка, пред нив е Милер, странично се Хаверц и Гнабри, а прв шпиц е Вернер.