24фудбал

Ноќта кога Македонија ја сруши Германија во Дуизбург (ВИДЕО)

Вечерва Македонија ја пречекува Германија во вториот меѓусебен меч од квалификациите за Светското првенство 2022, а првиот беше посебен за нас.

Македонија

Германија со поголемо внимание од вообичаеното ќе влезе во денешниот меч против Македонија. Поразот во Дуизбург е историски за нас, првпат на гостински терен против селекција од највисокиот ранг.

Но, тој е незаборавен и за Германците, бидејќи претходно само двапати загубиле на свој терен во едни квалификациите за СП, еднаш од Португалија во 1985 и вторпат од Англија во 2001 година.

За вечерашниот натпревар и двете селекции имаат нови селектори, Благоја Милевски го замени Игор Ангеловски, а на местото од Јоаким Лев на клупата на Германија седна Ханси Флик.

Се очекува многу поразличен меч од дуелот во Дуизбург, но тоа е меч на кој мора да се потсетиме пред вечерашниот спектакл.

Горан Пандев и Елиф Елмас ги постигнаа головите кои ја разбрануваа германската јавност, а донесоа голема радост во Македонија.