24фудбал

Франција со пресврт ја победи Шпанија и ја освои Лигата на нации (ВИДЕО)

Со голови на Карим Бензема и Килијан Мбапе, Франција направи пресврт, ја победи Шпанија со 2-1 го освои трофејот во Лигата на нации.

Останато

Две третини од натпреварот беа досадни, но последните 30 минути од мечот беа исклучително возбудливи.

Се започна од една голема шанса на Тео Ернандез кој ја погоди пречката од голот на Симон, а казната стигна во следната акција, Шпанците по една брза акција во 64. минута постигнаа гоол преку Ојарзабал за водство од 1-0.

Но радоста на Шпанците траеше многу кратко, Бензема две минути подоцна постигна прекрасен гол за израмнување на 1-1.

Во 80. минута по додавање од Тео Ернандез, Мбапе постигна гол за комплетен пресврт и водство на Франција од 2-1.

Во последндите минути и двете селекции имаа свои големи шанси. Алонсо излезе сам пред Лорис, но голманот на Франција го одбрани неговиот удар, на спротивната страна Мбапе шутираше од одлична позиција, Симон го одбрани неговиот удар. Во 95. минута Пино се обиде но Лорис и тоа го одбрани.

На крајот Франција се радуваше на трофејот во Лигата на нации, но Шпанија на овој турнир покажа дека за кратко време ќе има репрезентација која повторно ќе атакува на големите трофеи.

Третото место го освои Италија која претходно со 2-1 ја совлада Белгија.