24фудбал

Италија го освои третото место, Белгија трипати погодуваше статива (ВИДЕО)

Италија со 2-1 ја совлада Белгија и го освои третото место во Лигата на нации, Белгијците можат да жалат бидејќи трипати ја погодуваат конструкцијата од голот.

Останато

Иако и двајцата селектори настапија без дел од своите ѕвезди, Италија и Белгија имаа доволно силни состави и одиграа одличен меч.

Во првиот дел и двете селекции имаа добри шанси за гол, но требаше да почне второто полувреме за мечот да биде отворен. 

Во 46. минута Барела начека една топка на волеј и со силен шут ја смести во мрежата на Куртоа.

Течеше 65. минута кога Берарди од пенал го зголеми водството на Италија на 2-0.

Во 86. минута Де Кетелар му ја протна топката меѓу нозе на Донарума и намали на 2-1. Белгија се врати во игра, но не успеа до крајот да постигне уште еден гол.

Но тие можат да жалат за поразот бидејќи во текот на мечот, Салемакерс, Батсшуаи и Караско ја погодија конструкцијата од голот на Италија.

Италија со оваа победа го овои третото место во Лигата на нации, а вечерва во финалето играат Шпанија и Франција.