24фудбал

Ристовски: Зошто да не се повтори резултат како во Дуизбург?

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски е оптимистички расположен пред утрешниот меч против Германија.

Македонија

Македонија утре со почеток од 20:45 часот ја пречекува Германија во нов квалификациски меч за СП, иако е јасно кој е фаворит во овој меч, капитенот верува дека може да е повтори резултатот од Дуизбург.

„Зошто да не се повтори таков резултат како во Дуизбург? И ние имаме играчи кои се ноители во своите тимови. Ако се поклопат работитие може да изненадиме“, вели Ристовски.

„Секој меч е искуство, без разлика дали играте против аутсајдер или гигант. Европското првенство ни е големо искуство кое ќе ни користи. Видовме дека големите репрезентации не простуваат грешки, мора да бидете максимално концентрирани во текот на сите 90 минути ако сакате да дојдете до позитивен резултат“.

Македонија под водство на Благоја Милевски игра еден поинаков фудбал.

„Секој селектор си има свои идеи, свои новости, секако дека новиот селектор освежи со свои идеи. Ние сме професионалци и треба да ги изведеме тие идеи. Без разлика на противникот, идеите се тие, наше е да одговориме на теренот. Против репрезентација како Германија мора да се одигра со една врвна дисциплина“.

За разлика од дуелот во Дуизбург, Македонија во овој меч игра без Горан Пандев и повредениот Барди.

„Не треба многу што да се зборува за Горан. Тој фали и ќе фали. Но не е професионално да се враќаме назад, треба да гледаме напред. Жал ми е што Барди нема да игра утре, но кој и да игра на негово место ќе одговори на задачата“.

Ристовски со утрешниот меч ќе го помине Артим Шаќири по бројот на настапи и ќе избие на четвртото место на вечната листа по оброј на одиграни натпревари за Македонија.

„Горд сум што уште играм за Македонија и сакам да го носам дресот на вистински начин и да бидам пример за генерациите кои доаѓаат. Повеќе би ме исполнило да успее Македонија да се пласира на уште едно големо натпреварување, отколку индивидуалната статистика“.