24фудбал

Роналдо дава голови и руши нови рекорди (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо постигна гол во пријателски меч за Португалија против Катар, неговата земја победи со 3-0, а тој постави нови рекорди.

Останато

Португалија немаше квалификациски меч, па одигра пријателска против Катар и победи со 3-0.

Кристијано Роналдо постигна гол, вкупно 112. за репрезентацијата на Португалија и само ја зголеми бројката во категоријата во која е најдобар.

Тој стана и единствениот фудбалер кој дал гол на 46 различни репрезентации.

За него ова беше 180 настап за Португалија што е рекорд за европски фудбалер.