24фудбал

Јувентус продава двајца фудбалери за да отвори простор за ангажман на Погба

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Јувентус крои планови како да го врати Пол Погба, на продажба ќе бидат ставени Арон Ремзи и Адриен Рабио за да се отвори простор за ангажман на Французинот.

Италија

Пол Погба никогаш не криел дека Торино и Јувентус имаат посебно место во неговото срце, таква беше и изјавата по дуелот на Франција против Белгија во полуфиналето од Лигата на нации на стадионот „Алианц“.

Тој ги одработува последните месеци од договорот со Манчестер јунајтед па постојат големи шанси беспари да се пресели во друг клуб. Јувентус внимателно ја следи ситуацијата и крои планови да го врати Французинот во своите редови.

Според пишувањата на Газета дело Спорт, „старата дама“ на продажба ќе ги стави Арон Ремзи и Адриен Рабио, фудбалери со годишна плата од околу 7 милиони евра, за да се отвори простор за Пол Погба.

Весникот додава дека Пол Погба во моментов има плата од околу 15 милиони евра по сезона а на маса има понуда од Манчестер јунајтед за продолжување на соработката со плата од околу 20 милиони евра.

Јувентус не може да си дозволи вакви бројки, и Пол Погба ќе мора да направи одредено жртвување, „старата дама“ ќе му понуди плата од 10-12 милиони евра по сезона.