24фудбал

„Можевме да го купиме Халанд за 2 милиони евра, тоа ми е најголемата грешка во кариерата“

Директорот на Интер, Бепе Марота вели дека една од најголемите грешки во кариерата му е Ерлинг Халанд, можел да го донесе Норвежанецот во Јувентус за 2-3 милиони евра, но зделката на крајот не се реализирала.

Италија

Бепе Марота важи за еден од најдобрите оперативци во светот на фудбалот, беше еден од најзаслужните за тимот кој Јувентус го изгради и доминацијата на „старата дама“ од 2011 до 2020 година во Серија А, а го изгради и тимот на Интер, кој успеа да стави крај на доминацијата и да го освои Скудетото во сезоната 2020/21.

Тој има погодено голем број на засилувања, но има направено и многу грешки, една од нив е Ерлинг Халанд.

„Жалам за неколку зделки, најголемата веројатно е Ерлинг Халанд. Можев да го донесам во Јувентус за 2-3 милиони евра. Во ваков случај, треба да имате храброст и сила да одите преку предвидениот буџет кога сите велат дека се работи за талент кој вреди да биде купен“ – вели Бепе Марота.

„Халанд сега е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, и за жал, сега е невозможно да дојде во Серија А. Клубовите од Италија немаат шанси да го купат следното лето“.