24фудбал

Клубовите од Премиерлигата имаат неколку забелешки за новите сопственици на Њукасл, бараат итен состанок

Според пишувањата на Гардијан, Премиерлигата добила серија поплаки поради превземањето на Њукасл од страна на конзорциум предводен од Саудиска Арабија, се бара итен состанок за следната недела.

Англија

Останатите 19 клуба од Премиерлигата се обединети и се противат на одлуката да се даде зелено светло за конзорциум предводен од Саудиска Арабија да го купи Њукасл, ова го пренесе Гардијан.

Тие бараат итен состанок за следната неделата, свесни се дека сега е доцна за зделката да биде блокирана, но бараат објаснувања што се променило за Премиерлигата да ja одбори зделката и зошто тие порано не биле информирани за новонастаната ситуација. На состанокот пред две недели, немало никаков абер дека Њукасл ќе добие нови сопственици, а добар дел од клубовите за ова дознале од медиумите, кои почнаа да објавуваат стории неколку часа пред официјалното соопштение.

Клубовите се загрижени дека може да му се нанесе штета на брендот на Премиерлигата, зделката е особено критикувана од групите за заштита на човекови права. Исто така тие се загрижени бидејќи Њукасл преку ноќ може да стане фудбалска сила, но и поради тоа што богатството на новите сопственици ќе придизвика дополнително да се напумпаат трансфер сумите и платите.