24фудбал

Меси: Сакав да ја завршам кариерата во Барселона, но...

Лео Меси вели дека сакал да ја заврши кариерата во Барса, се изненадил кога по враќањето во Барселона бил известен дека нема да може да стави потпис на нов договор и ќе треба да си побара нов клуб.

Шпанија

Франс Фудбал денеска го објави интервјуто кое Лео Меси го даде пред неколку дена, Аргентинецот проговори за разделбата со „каталонците“.

„Се вратив во Барселона со намера да почнам да се подготвувам за сезоната откако тренерот ми даде неколку дена екстра одмор. Идејата беше да ставам потпис на договорот и веднаш да почнам со тренинг“ – вели Лео Меси.

„Миеслев дека се е договорено и недостасува само мојот потпис на документите, но кога се вратив во Барселона, ме известија дека не е можно да ја продолжиме соработката, дека не можам да останам и дека треба да си најдам нов клуб бидејќи Барселона нема финансиски средства за новиот договор. Плановите ми се променија“.

„Тешко го прифатив ова. Самата помисла дека треба да го напуштиме домот, дека рутините ќе ни се променат за 360 степени, дека децата ќе треба да го менуваат училиштетот и да се навикнуваат на нова средина. Прв пат ми се случуваше ова во кариерата“.

„Јас и моето семејство имавме одлучено дека останувам, дека ќе ја завршам кариерата во Барселона, но немав избор, морав да заминам. Ме болеше многу што морав да ја напуштам Барселона по толку многу години поминати таму“.