24фудбал

Романија има најлесен распоред, Македонија веројатно ќе треба да навива за Ерменија

На три кола до крајот македонската фудбалска репрезентација е на второто место во својата група, сами си ја кроиме судбината, но не се големи шансите тоа да остане така, па веројатно на помош ќе треба да се надеваме и од Ерменија.

Македонија

Германија ќе го освои првото место, а Македонија, Ерменија и Романија се борат за втората позиција која носи во баражот за пламан на Светското првенство.

Распоред на трите репрезентација на три кола до крајот:

МАКЕДОНИЈА

Македонија - Германија

Ерменија - Македонија

Македонија - Исланд

ЕРМЕНИЈА

Романија - Ерменија 

Ерменија - Македонија

Ерменија - Германија

РОМАНИЈА

Романија - Ерменија

Романија - Исланд

Лихтенштајн - Романија

Табела

2. Македонија 12  15:6

3. Ерменија 12  8:10

4. Романија 10  10:8

Работите ќе бидат многу појасни откако ќе се одиграат натпреварите во понеделник, но во моментов математиката вели дека за да продолжиме да ја имаме судбината во свои раце, треба да ја победиме Германија. Еднаш го направивме тоа, па нема причина зошто да не се надеваме на уште еден триумф, но реалноста е дека победа над Германците важи за големо изненадување, а така гледано Романија е во најдобра позиција бидејќи од трите селекции само тие немаат меч со Германија.

Доколку не успееме да направиме нова сензација против Германија, погледите треба да ги свртиме и кон мечот меѓу Романија и Ерменија. Со оглед на тоа што следните два меча на Романците им се против Исланд дома и Лихтенштајн на гости, најголеми се шансите да кикснат против Ерменците и да не ги освојат сите девет бода до крајот.

Постои варијанта да го освоиме второто место и со бод против Германија. Доколку освоиме седум бода на последите три меча и ја одржиме подобрата гол разлика од Романија, можеме да одиме во бараж дури и тие да ги добијат сите три дуели до крајот. Во овие квалификации доколку две селекции завршат со ист број на бодови, најпрво се гледа гол разликата, а потоа меѓусебниот дуел.

Што се однесува до селекцијата на Ерменија, со нив имаме меѓусебна пресметка, а потоа тие имаат дуел и со Германија, тие имаат најтежок распоред до крајот, а со тоа и најмалку шанси за втората позиција.