24фудбал

Дали „Хала Мадрид“ беше коментарот на Азар кој донесе насмевка кај Мбапе? (ВИДЕО)

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веќе јавно се пожали на тоа дека од Реал Мадрид постапуваат крајно некоректно и без почит кон нивниот клуб во случајот со Мбапе.

Останато

Франција се избори за место во големото финале од Лигата на нации откако синоќа славеше со 3-2 против Белгија, а еден момент од пресметката придонесе за низа коментари на социјалните мрежи помеѓу љубителите на фудбалот.

Се работи за моментот кога ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар му пријде на Килијан Мбапе од ПСЖ, а по еден коментар на Белгиецот, Французинот се насмеа, па многумина се пошегуваа дека Азар всушност му рекол „Хала Мадрид“ на младиот фудбалер за кого се верува дека уште во јануари би можел да постигне преддоговор со „Кралевите“.