24фудбал

Избувна пожар на стадионот на кој Андора ќе ја пречека Англија (ВИДЕО)

Медиумите на Островот известија дека мечот ќе се одигра според предвидениот термин и место, меѓутоа настрада еден важен сегмент од истиот.

Останато

Избувна пожар на националниот стадион на Андора, на кој утревечер со почеток од 20,45 часот домаќинот треба да ги одмери силите со гигантот Англија во рамките на квалификациите за Светското првенство.

Од информациите кои пристигнуваат, се вели дека од пожарот настрадал ВАР системот, а од таа причина истиот би можел да „отсуствува“ на утрешниот меч, доколку се донесе одлука истиот да биде одигран според предвиденото.