24фудбал

Почетен состав: Македонија ќе напаѓа со Чурлинов и Ристовски (ФОТО)

Нашата селекција вечерва со почеток од 20,45 часот го игра мечот на кој е апсолутен фаворит во обидите да дојде до третата победа во квалификациите за Светското првенство.

Македонија

Селекторот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги пикираше најдобрите 11 кои ќе го стартуваат вечерашниот меч на гостински терен кај Лихтенштајн во мундијалските квалификации.

Од тоа што можеме да го забележиме, Македонија ќе напаѓа со младите Дарко Чурлинов и Милан Ристовски во нападот, а по подолго време во националниот состав се враќа и Аријан Адеми.

Почетен состав: Димитриевски; С. Ристовски, Велковски, Ристевски, Алиоски; Трајковски, Елмас, Адеми, Спировски; Чурлинов, М. Ристовски.


Од сајтот на УЕФА можат да се забележат грешки во графичкиот приказ од причина што Чурлинов е поставен за десен бек, но, како и да е, еве го почетниот состав и на домаќинот Лихтенштајн.


Македонија засега има освоено 9 бода, односно две победи, три ремија и еден пораз, а во овие квалификации тргна со убедлива победа од 5-0 на свој терен токму против Лихтенштајн.