24фудбал

Лапорта: Се надевав дека Меси ќе прифати да игра беспари за Барса, но...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта проговори за неуспешниот обид да го задржи Лео Меси на Камп Ноу, се надевал на голем гест од Аргентинецот и дека ќе прифати да игра беспари.

Шпанија

Жоан Лапорта пред да седне во претседателската фотелја ветуваше дека ќе успее да го убеди Лео Меси да продолжи во Барселона, но на крајот не остана доследен на зборот. Преговорите за продолжување на соработката пропаднаа, па Аргентинецот си ги спакува куферите и се пресели во ПСЖ.

„Во ниту еден момент не мислам дека постапив погрешно“ – вели Жоан Лапорта во разговор со РАЦ1. „Ја донесов најдобрата одлука за Барса, никој не може да ја стави институцијата во ризик“.

„Се надевав дека во последен момент, Лео Меси ќе каже дека сака да игра беспари. Тоа ќе беше одличен гест, мислам дека ниту Ла Лига немаше да прави проблеми, но не можете да побарате нешто вакво од играч со неговото реноме“.

Запрашан зошто се надевал на еден ваков гест, тој додава: „Бидејќи добро го познавам, со мене беше промовиран во првиот тим, многу му помогнав на неговото семејство... Знаеше дека кога ќе ја надминеме кризата ќе биде компензиран...“