24фудбал

Погба зборуваше за својата иднина: Постојано зборувам со играчите на Јуве, но...

Пол Погба синоќа беше во Торино каде со Франција во драматичен меч ја победија Белгија со 3-2, по натпреварот тој одговараше и на прашања поврзани со неговата иднина.

Италија

Погба од Јувентус замина во Манчестер јунајтед, па италијанските новинари не пропуштија да го прашаат дали би можел да се врати во таборот на бјанконерите.

Прашањето беше потикнато од една порака на инстаграм од Хуан Квадрадо за Пол Погба.

„Постојано зборувам со фудбалерите на Јувентус. Јас сум во Манчестер, имам уште една година од договорот тука, а потоа ќе видиме. Целта ми е да играм добро за Манчестер, а потоа ќе видиме“, одговори Погба.

Тој многу често се поврзуваше со заминување од Манчестер, а како опции се споменуваа Реал Мадрид, ПСЖ и Јувентус. Последните шпекулации велат дека Погба ќе потпише нов договор со англискиот клуб.