24фудбал

Еден човек не е премногу среќен што Њукасл доби нови сопственици

Њукасл денеска доби нови сопственици, навивачите славеа како да освоиле титула но тренерот Стив Брус нема многу причини за радост, стратегот е свесен дека голема си шансите да добие отказ.

Англија

На Сент Џејмс Парк започнува нова ера, конзорциум предводен од Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија попладнево го купи Њукасл во зделка вредна околу 300 милиони фунти.

Се очекуваат големи инвестиции, па навивачите славеа како да ја освоиле титулата. Сепак, еден човек не е премногу среќен од ваквиот развој на настаните, тренерот Стив Брус нема многу причини за радост бидејќи големи се шансите да добие отказ.

„Сакам да продолжам, сакам да добијам шанса да им покажам на новите сопственици што можам, но треба да бидеме реални, сигурно тие ќе сакаат нов тренер кој ќе го предводи проектот“ – вели Стив Брус.

„Вообичано новите сопственици сакаат нов тренер. Доволно долго сум дел од фудбалот за да знам како функционираат работите“.

Њукасл има очаеан старт на сезоната, во моментов се на позицијата број 19 и се без победа по седум кола.

Уште пред да пристигне официјална потврда за зделката, медиумите шпекулираа со промена на тренерот и пишуваа дека Антонио Конте може да го превземе кормилото.