24фудбал

Драма во Торино: ВАР спречи славје на Белгија па Тео со проектил донесе радост за Франција (ВИДЕО)

Франција ќе игра против Шпанија во финалето на Лигата на нации, „триколорите“ направија голем пресврт и во драматичен финиш стигнаа до триумф од 2-3 против Белгија.

Останато

Возбудлив натпревар со пет гола и драма во Торино, Франција направи голем пресврт и со 2-3 триумфираше против Белгија во второто полуфинале во Лигата на нации.

„Ѓаволите“ поведоа во 37. минута, Караско биеше по земја на поблиската статива и со мала помош на еден од дефанзивците го измами Лорис за 1-0. Во 40. минута следеше нова радост, Лукаку одлично се ослободи од Лукас Ернандез и силно биеше над главата на Лорис за 2-0.

Франција сепак не се предаде, се врати во игра во 62. минута, Бензема одлично се снајде и го матираше Куртоа за 1-2. Во 69. минута повторно се тресеше мрежата на Белгија, Мбапе од пенал погоди за 2-2.

До крајот на натпреварот, двете репрезентации ја бркаа победата, Лукаку во 87. минута реализираше за 3-2 но ВАР го спречи славјето и досуди офсајд.

И кога се чинеше дека ќе има продолженија, Тео Ернандез во 90. минута испрати проектил од работ на шеснаесетникот за 2-3 и огромна радост на „триколорите“.