24фудбал

Официјално: Њукасл стана клуб со убедливо најбогат газда

Купопродажбата на Њукасл и официјално се реализираше, конзорциумот од Саудиска Арабија и официјално го купи клубот, наскоро ќе следат големи промени.

Англија

Конзорциумот од Саудиска Арабија конечно ја реализираше голмата зделка вредна околу 300 милиони фунти.

Инвестициската групација предводена од Јавниот фонд за инвестиции во Саудиска Арабија го фрли во историја контроверзниот Мајк Ешли кој досега го водеше клубот.

Њукасл и официјално потврди дека има нов сопственик, а во наредниот период се очекуваат крупни промени во овој клуб.

Новиот сопственик на Њукасл се проценува дека вреди 320 милијарди фунти, како за споредба газдите на Манчестер Сити тежат 23,2 милијарди фунти, а тие досега важеа за најбогати во светот на фудбалот.

Се очекува промените да почнат од тренерската позиција, на местото од Стив Брус ќе дојде Антонио Конте, барем такви се шпекулациите на англиските медиуми.