24фудбал

Лапорта им се доверил на соработниците, целта на Барселона е да се купи Халанд

Жоан Лапорта крои планови како да го донесе Ерлинг Халанд на Камп Ноу, претседателот на Барселона на соработниците им се доверил дека целта е следното лето да се ангажира Норвежанецот.

Шпанија

„Каталонците“ синоќа ги открија резултатите на деталната ревизија на сметките и соопштија дека во арпил клубот бил „технички во банкрот“ и ќе бил прогласен стечај доколку се работело за компанија бидејќи немало пари за нормално функционирање.

Барселона има долг од 1,35 милјарди евра, намали приходи и како резултат на ова, ограничувања од Ла Лига на буџетот за плати и прилично им ги врза рацете при настапот на трансфер пазарот.

Но и покрај тоа, раководството на Барса е убедено дека можат да го извлечат клубот од кризата и веќе од следното лето да имаат средства за ангажман на звучно име.

Новинарот Сике Родригез открива дека Жоан Лапорта на своите соработници им се доверил дека целта е да се ангажира Ерлинг Халанд.

Норвежанецот, заедно со Килијан Мбапе, треба да биде трансфер бомбата во 2022, гигантите ширум Европа ќе водат жестока битка за неговиот потпис. Жоан Лапорта веќе крои планови и сака да го искористи добриот однос со Мино Рајола за да донесе напаѓачот на Камп Ноу.