24фудбал

Суарез: Препорачав напаѓач на Барса, можеа да го купат за 15-20 милиони, сега чини 100 милиони!

Луис Суарез вели дека го советувал раководството на Барса да го купи неговиот сонародник Дарвин Нуњез но „каталонците“ не го послушале бидејќи се работело за млад играч кој настапувал во Алмерија.

Шпанија

Во разговор со новинарот Жерард Ромеро на Твич, Луис Суарез откри дека го препорачал Дарвин Нуњез на Барселона. Уругваецот сметал дека неговиот сонародник е добра инвестција, но раководството на „каталонците“ не мислело така.

„Го препорачав на Барса, им кажав, „внимавајте на момчево, се работи за многу интересен фудбалер“, но тие кажаа не, бил многу млад и играл за Алмерија. Може да го купат за 15-20 милиони евра, сега чини 80, 90 или 100 милиони евра“ – вели Луис Суарез.

Дарвин Нуњез во септември 2020 направи трансфер во Бенфика вреден 24 милиони евра, рекордна продажба за клуб од втората лига на Шпанија.

Со своите добри настапи во дресот на „орлите“, 22 годишниот Дарвин Нуњез сега е мета на најголемите клубови ширум Европа и се најавува голема борба за неговиот потпис.