24фудбал

Манчини: Свирежите за Донарума подобро да ги сочуваат за Милан - ПСЖ, а не да му свират кога игра Италија

Селекторот на Италија, Роберто Маннчини не е среќен со дел од навивачите кои синоќа беа на Сан Сиро и упатуваа свирежи кон Џиџо Донарума.

Италија

Навивачите на Милан кои беа присутни на синоќешниот меч меѓу Италија и Шпанија, уште од самиот почеток го исвиркуваа Донарума.

Тие се гневни на него затоа што не потпиша нов договор со Милан, туку замина во ПСЖ.

Манчини смета дека репрезентацијата и клубот треба да се разделат, па попаметно ќе биде навивачите да му свират некогаш кога ПСЖ ќе гостува на Сан Сиро.

„Свирежите сигурно не го прават среќен, не не прават ниту нас“, вели Манчини.

„Јасно е дека ова е разочарувачко бидејќи тој играше за Италија, не беше ова клупски меч. Тие треба да ги разграничат работите, можеби треба свирежите да ги сочуваат за меч меѓу Милан и ПСЖ, бидејќи Италија треба да дојде над се“.