24фудбал

Лудост: Барселона на само четворица фудбалери годишно трошела преку 300 милиони за плати

Генералниот извршен директор на Барселона, Феран Ревертер откри детали од лошото работење на претходното раководство, „каталонците“ на само четворица фудбалери годишно трошеле преку 300 милиони евра за плати.

Шпанија

По победата на претседателските избори во март, Жоан Лапорта нареди деталната ревизија на сметките а резултаите синоќа ги презентираше генералниот извршен директор, Феран Ревертер, кој истакна дека Барселона во април месец била „технички во банкрот“ и ќе бил прогласен стечај доколку се работело за компанија бидејќи немало пари за нормално функционирање.

Тој потенцираше дека претходното раководство импровизирало и било многу невнимателно при ангажирањето на нови играчи.

„Се купувале играчи без да се знае дали можат да се платат трансферите. Како пример ќе го дадам трансферот на Антоан Гризман, вечерта сфатиле дека немаат пари па е подигнат кредит од 85 милиони“ – објаснува Ревертер.

Жозеп Бартомеу и неговите соработници не штеделе кога биле во прашање платите, па така буџетот пораснал за 61% во само неколку години. На само четворица фудбалери годишно се трошеле преку 300 милиони евра за плати (1.4 милјарди за четири години) и се говори дека станува збор за Лео Меси, Антоан Гризман, Филипе Кутињо и Осман Дембеле.

Доколку бил задржан истиот состав оваа сезона, сметката за плата ќе била неверојатни 835 милиони евра, или 108% од целиот буџет.