24фудбал

Суарез за болниот повик од Куман: Траеше само 40 секунди, така не се брка легенда

Луис Суараз одново го нападна Роналд Куман, открива дека Холанѓанецот му посветил само 40 секунди за да му каже дека треба да си оди од Барселона и смета дека не заслужил таков третман.

Шпанија

Уругваецот минатата недела проговори за разделбата со Барселона и како бил испратен да трениран сам како 15 годишно дете. Во разговор со Жерард Ромеро на Твич, Луис Суарез сега одново го нападна Роналд Куман.

„Повикот со кој Куман ми соопшти дека не смета на мене траеше 40 секунди, така не се брка легенда“ – вели Луис Суарез.

„Во прв момент ми кажа дека не сум дел од неговите планови, за потоа да ми рече дека ако не договорам трансфер во Атлетико, ќе играм против Виљареал“.

„Немаше свое јас да ми каже јасно дали тој не смета на мене или пак всушност клубот е тој што не ме сака повеќе“.