24фудбал

Венецуелките го обвинија поранешниот селектор за сексуално злоставување и вознемирување

Зерамета во моментов ја обавува функцијата селектор на Панама, земја каде е роден, а таа функција ја обавува од лани.

Останато

Сите репрезентативки на фудбалската селекција на Венецуела во женска конкуренција се потпишаа на соопштението за јавноста во кое го обвинија поранешниот селектор Кенет Зерамета за сексуално вознемирување и злоставување.

Одлучивме да го прекинеме молкот и да ја откриеме вистинската слика за поранешниот селектор, кој во периодот додека ја обавуваше таа фукнција физички и психички ги малтретираше фудбалерките и сексуално ги злоставуваше“ стои во нивната објава на социјалните мрежи.

Најпознатата фудбалерка на Венецуела и членка на Атлетико Мадрид, Дејна Кастељанос истовремено обелодени и дека нејзина колешка од националниот тим и признала дека Зерамета сексуално ја злоставувал на 14 годишна возраст.