24фудбал

Мајката на Мбапе најави пресврт во однос на иднината на напаѓачот

И натаму трае сапуницата околу иднината на Мбапе, а на крајот не би изненадило сценариото во кое тој би останал во дресот на францускиот вицепрвак.

Франција

Килијан Мбапе и натаму не ја затвори целосно вратата по прашањето за неговата иднина во ПСЖ, каде актуелниот договор со францускиот вицепрвак му истекува идното лето, а се верува дека би можел да се пресели во Реал Мадрид.

Фајза Ламари, мајката на младиот француски напаѓач најави целосен пресврт во случајот со договорот на Мбапе и ПСЖ, со тоа што тој на крајот би можел да остане во француската престолнина.

Ние разговараме со ПСЖ изминатиов период, а засега се се одвива добро“ рече Ламари во изјавата за „Ле Паризиен“.

Минатата вечер разговарав со Леонардо, едно прашање е чисто, а тоа е дека Мбапе ќе даде сеод себе за сезонава да се освои Лигата на шампионите“ додаде таа.

„Килијан треба да биде среќен, доколку е тажен, во тој случај ќе може да им каже на сите за тоа, а тој понекогаш и го прави токму тоа, со него сесе менува од ден во ден“ подвлече Ламари.

Се верува дека семејството на Мбапе преферира напаѓачот да продолжи во редовите на ПСЖ, за што има и одлична комуникација со раководството на клубот, иако шпекулациите велат дека големи се шансите во јануари тој да постигне преддоговор со Реал Мадрид.