24фудбал

Депај се налути: Како можете да ме прашате такво нешто?

Се чини дека Холанѓанецот ужива во својот престој во Барселона, иако на тимот не му оди според планот во новата сезона.

Шпанија

Мемфис Депај се приклучи на редовите на Барселона во летниот преоден рок, а на „Камп Ноу“ дојде од Лион како слободен играч на трансфер пазарот откако му истече договорот со францускиот прволигаш.

Холанѓанецот е прв стрелец за Каталонците сезонава со три погодоци на девет настапи, но Барселона не личи на себе по сите проблеми кои ја снајдоа, а главно од финансиски карактер, проблеми кои веројатно влијаат и на лошите резултати, а Депај беше запрашан дали се кае за трансферот.

Како можете да ме прашате такво нешто?“ ги запраша напаѓачот холандските известувачи за „ЕСПН“.

Се работи за Барселона, не верувам дека разбирате колку голем клуб е тоа, а воедно и што значи за еден фудбалер да направи трансфер во таков клуб, никогаш нема да зажалам за ова“ додаде тој во својата изјава.