24фудбал

Касано го гледа крајот на Покетино во ПСЖ, слушнал лоши работи за него

Италијанецот базирајќи се на информации од свои извори дури и верува дека го знае идниот тренер на ПСЖ, а се чуди како тоа Покетино дури бара совети од фудбалерите.

Франција

Маурицио Покетино не успеа да ја освои француската „Лиг 1“, а не успеа ниту во таа намера во Лигата на шампионите ланската сезона, но иако од аргентинскиот фудбалски стратег се очекуваат повторно истите титули, поранешниот фудбалер Антонио Касано смета дека тој ќе има краток престој во Париз.

Покетино ќе има краток живот во ПСЖ“ рече Касано за „Бобо ТВ“.

Слушнав лоши работи за него, тој е добар човек, но како тренер не стори ништо посебно во однос на тактиката, а тимот токму тоа и го бара од него“ додаде тој.

Тој бара совети од фудбалерите, за тоа како тие да играле, не можам да поверувам... Тој никогаш не бил предводник на шампионски тим, а сега има проблеми како да менаџира големи фудбалери, од тоа што јас го знам, доколку продолжи вака, тој ќе има краток престој таму, внимавајте на Зизу“ подвлече Италијанецот, алудирајќи на тоа дека Зинедин Зидан би можел да биде новиот предводник на Парижаните.