24фудбал

Пјаниќ: Не разбирам што сакаше Куман од мене во Барселона

Босанецот е збунет за сценариото кое го доживеа на „Камп Ноу“ под кормилото на холандскиот фудбалски стратег, кон кого го впери прстот за сите проблеми низ кои помина таму.

Шпанија

Миралем Пјаниќ беше ограничен на само 19 настапи за Барселона по неговиот трансфер од Јувентус лани во септември, а во летниот преоден рок се пресели на позајмица во Бешикташ.

31 годишниот босански интернационалец во изјава за „беИН“ вели дека се уште не е сигурен што точно посакувал Роналд Куман од него во тимот на Барселона.

Се уште не знам што точно посакуваше Куман, тој воопшто не се ни обиде за да ми ги објасни работите, а најмалку пак да пронајде решение за ситуацијата“ рече Пјаниќ.

Јас бев тој кој постојано прашува што посакува од мене, од мојата позиција, дали нешто грешев или беше потребна побрза адаптација од моја страна во тимот, дали не бев корисен...“ додаде офанзивецот.

Во една сезона, потребни ви се 17-18 фудбалери за да освојувате титули, но според него, немало никакви проблеми во мојата игра, тој не ми даде одговори на моите прашања“ нагласи Пјаниќ.

Босанецот подвлече и дека Барселона е во мошне комплицирана ситуација како клуб генерално гледано, резултатите не се според тоа што го очекуваат навивачите, а фудбалерите се под голем притисок.