24фудбал

Барселона дозна колку пари ќе има за засилувања во јануари, приоритет се две имиња

Според пишувањата на Мундо Депортиво, Барселона направила пресметки и утврдила дека во јануари ќе има 16 милиони евра за засилувања, приоритет е засилување на крилната позиција со имиња како Дани Олмо или Рахим Стерлинг.

Шпанија

Барселона ќе има 16 милиони евра за засилувања во зимскиот преоден рок, ова денеска го објави весникот Мундо Депортиво. Бројката не е голема, но всушност се работи за сума која „каталонците“ можат да ја одвојат за плата и амортизација на фудбалерот до крајот на сезоната, па во реалност можат да донесат звучно име.

МД додава дека приоритет е крилен фудбалер, а на врвот со листата со желби е Дани Олмо од РБ Лајпциг. Барселона се обиде да го врати Шпанецот во последните денови од летниот преоден рок, но „биковите“ тогаш не сакаа да слушнат за трансфер, особено не под условите кои беа понудени, па останува да се види дали клубот од Камп Ноу сега ќе има повеќе среќа.

На списокот исто така се наоѓа и Рахим Стерлинг, уште еден фудбалер за кого се распрашуваше Барселона изминатово лето.